Контакт инфо + 389 47 227 600
contact@youthforumbitola.org
Ул. "Едвард Кардељ" 11/9 7000 Битола, Македонија
Контактирајте не







 

За Нас

“Форум на млади“ –Битола е невладина, неполитичка, непрофитна, волонтерска организација чија примарна цел е да се развијат културните и хуманитарните карактеристики на граѓаните на Република Македонија.

Меѓу најважните цели на организацијаta се:

1. Промовирање на различни уметнички и културни активности преку наоѓање на простор за младите луѓе каде ќе се развива нивната креативност;
2. Промовирање на мир, демократија, борба за човекови права и борба против дискриминацијата од секаков вид и ограничувања како и заштита на праватa на малцинствата;
3. Aнализирање и известување за моменталната ситуација на младината во Македонија.

Форум на млади има постигнато доста успеси во вклучувањето на млади луѓе во донесување на важни одлуки од јавен интерес. Низ активностите на оваа организација постигнати се доста важни врски помеѓу локалната самоуправа и другите НВО-и. Исто така постојано се претставуваат и проблемите на младите луѓе, а се врши и едуцирање на граѓаните како тие проблеми може да се решат.

Организацијата е основана во 1999 година од група на млади ентузијасти, чии цели се да се направи нешти ново за потребите на младата популација. Форум на млади е локална организација, а активностите и проектите кои се реализираат се одржуваат во Битола и нејзината околина. Членови на оваа организација се млади помеѓу 18 и 30